19/04/2024
Македонија

УХМР: Денес и утре стабилно и суво време, од среда дожд

Од УХМР известуваат дека денес и во следните два дена ќе преовладува стабилно и суво време, во поголем дел од земјата со негативни утрински темпратури.

Во среда ќе има врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Нов влажен бран со пообилни врнежи се очекува во сабота.