24/04/2024
Македонија

УХМР: Облачно со врнежи од дожд, кон средината на неделата ќе има преодна стабилизација

Утре времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи (локално се очекува да наврнат над 15 л/м2).

На планините на северозапад ќе врне снег. Во вторник се уште ќе има врнежи од дожд, но ќе бидат полокализирани.

Кон средината на неделата ќе има преодна стабилизација со пораст на дневната температура, а нови врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на работната седмица.