27/04/2024
Македонија

Успешен настап на Македонската филхармонија во Шпанија

filharmonija_1
 
На концертот, Македонската филхармонија, предводена од истакнатиот шпански диригент, маестро Рикардо Касеро, настапи со македонскиот и светски виртуоз на виолина Ѓорѓи Димчевски кој е концерт-мајстор на Националниот оркестар на Шпанија, а од 2007 година е концерт-мајстор на оркестарот „Валенсија“, кој концертира во Палатата на уметностите на кралицата Софија предводен од славниот Лорин Мазел.
 
_2
Турнејата на Македонската филхармонија во Шпанија се реализира со поддршка одМинистерството за култура и од Амбасадата на Република Македонија во Кралството Шпанија. Утре (1 ноември) Македонската филхармонија ќе настапи во Конгресната палата во Хуеска.