23/07/2024
Охрид

Уште еден голем успех на Центарот БОБ – Црвен крст Охрид

Охридските БРЕИНОБРЕИН ГЕНИЈАЛЦИ повторно најдобри во Македонија. Сите 57 учесници на VI-от Национален БРЕИНОБРЕИН натпревар што се одржа на 21 октомври (недела) во Скопје во конкуренција од 336 натпреварувачи од 19 центри во Македонија, се закитија со одличја, од кои 32 трофеи, 14 златни медали и 11 сребрени медали, со што уште еднаш се потврди дека Центарот за развивање на животни вештини БОБ – Црвен крст Охрид е најуспешен во Македонија. Најдобриот резултат на овој натпревар го постигна ученик од овој центар.

Денес, во просториите на Црвен крст Охрид, на прес-конференција ќе бидат презентирани освоените награди и ќе бидат изнесени повеќе детали од натпреварувањето.