11/10/2024
Охрид

Утре бесплатен паркинг во Охрид

ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека на ден 19. 01 2019 година (сабота) јавниот градски паркинг со кој стопанисува претпријатието ќе биде бесплатен за сите нејзини корисници.

Во духот на овој празник ЈП Билјанини Извори ја донесе оваа одлука како почит кон една од најголемите и најмасовни црковно – народни манифестација „ Богојавление – Водици“.

ЈП Билјанини Извори им го честита празникот на сите православни верници !