24/04/2024
Охрид

Утре ќе се спроведе дезинсекција против комарци

На барање на Министерството за транспорт и врски, утре во периодот од 9:00 до 14:00 часот на територијата на општина Охрид и општина Струга ќе се спроведе дезинсекција против ларви од комарци.

Активноста ќе се спроведе на просторот од Студенчишкото блато до Подмоље.

Центарот за јавно здравје ќе извршува контрола на дезинсекцијата на територијата на општина Охрид.