16/04/2024
Охрид

Утре промоција на стихозбирката „Горски гротески“ од Григор Костески

Деновиве во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од печат излезе првата книга од охридскиот поет Григор Костески со наслов „Горски гротески“. Книгата содржи поезија создавана во текот на повеќедецениското уметничко творештво на авторот кој се занимава уште со архитектура, сликарство и копаничарство.

Утре – четврток во 17:30 „Горски гротески“ ќе биде промовирана во „Прличевата одаја“ на охридската библиотека, а промотор ќе биде Тоде Илиески.