29/04/2024
ДебрцаОхрид

Утре во ФТУ Охрид ќе се реализира крводарителска акција „Донирај крв, донирај живот!“

Искористете го овој РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месецот на дарување, да ја искажете својата хуманост на крводарителската акција, која под мотото „ДОНИРАЈ КРВ, ДОНИРАЈ ЖИВОТ!“ ќе се реализира на 20.12.2023 г. (среда), од 10-14 ч. на Факултетот за туризам и угостителство, Охрид.

Црвен крст ги поканува студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид како и сите хумани луѓе во Охрид и Дебрца да учествуваат на оваа крводарителска акција.


WebOhrid / 19.12.2023 / Црвен крст Охрид