20/04/2024
Македонија

Утре започнува есента

Календарски од утре (23ти септември 2022 година) во Македонија започнува есента во 3:03 часот – рано наутро. Во исто време за жителите од јужната Земјина полутопка започнува пролетта.

Сонцето ќе изгрее во 6:26 часот, а ќе зајде во 18:34 часот. Денот и ноќта ќе бидат еднакви и ќе траат по 12 часа, есенска рамноденица, кога центарот на Сончевиот диск достигнува нулта деклинација. Есента ќе трае 89 дена, 20 часа и 44 минути, што е за шест минути повеќе од лани.

 Есента ќе трае до 21 декември кога официјално ќе настапи зимата.

За првиот ден од есента метеоролозите најавуваат наутро студено време, преку денот променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умeрен ветер од северен правец.