27/04/2024
Македонија

Вакцинација на претставници од бизнис секторот од Македонија во Ниш

До 10 часот, во Ниш, се вакцинирани повеќе од 300 македонски биснисмени.

Претпладнево во Ниш, во Спортската сала Чаир, почна вакцинацијата на бизнисмени и нивни вработени од Македонија.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, вели дека вакцинацијата се одвива во најголем ред и со пичитување на најстроги безбедносни критериуми.

Само до 10 часот, вакцинирани се повеќе од 300 лица, а во обезбедувањето на подобри услови за патување и побрзо стигнување на вакциналниот пукт, се вклучиле и Министерството за внатрешни работи, преку личен ангажман на министерот Оливер Спасовски.

Како што појаснува Азески, рано наутро, имало мало задржување на границата, но отворени се сите 4 приоди за влегување, така што сега се патува без задржување на Табановце.

Покрај од Македонија, денеска и утре, ќе се вакцинираат и од бизнис секторот на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Србија и Албанија.

Вакцините се обезбедени преку Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој делува од 2015 година, со седиште во Трст, под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел, а во рамките на Берлинскиот процес.

ако една од трите институции на подрачјето на Западен Балкан, која се обидува да ја подигне размената и да ги елиминира бариерите во економската соработка помеѓу шесте земји од Балканот, ја организиравме оваа заедничка акција за имунизација на бизнисмени од регионот, која е во интерес на одржување на бизнисите и работните места, додава Бранко Азески,инаку, ко-претседател на Коморскиот инвестициски форум.

Станува збор за 7.500 вакцини, од кои за македонскиот бизнис сектор се одвоени 1.650, колку и за Босна и Херцеговина.

Од Република Албанија, преку оваа акција, ќе се вакцинираат 1.500 бизнисмени, додека Стопанската комора на Србија, за вакцинални места ги одреди најблиските градови за сите 6 земји.

Акцијата на терен ја координира Стопанската комора на Србија, заедно со Стопанската комора на Северна Македонија.

Управниот одбор, на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), одржа седница во Подгорица,. Пријатно сме изненадени од брзината на позитивниот одговор на српската страна, што уште еднаш ја потврдува тезата дека бизнисот не признава граници и во секоја ситуација ја изразува својата кооперативност. За брзо време, од квотата од 10.000 вакцини, засега ќе искористиме 7.500, појаснува Бранко Азески, претѕседател на СКМ и ко-претседател на КИФ.

Генераен секретар на Коморскиот инвестициски форум во Трст е д-р Тања Штерјова-Душкоска, исто така, од Стопанската комора на Македонија. 

Со оваа акција исто така се потврдува слоганот на Коморскиот инвестициски форум – Еден регион, една економија. Можеме да потврдиме дека во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија во текот на денешниот ден се остварува интензивна активност да се направи најдобриот можен избор на лица од бизнисот чии работни места неопходно се врзани за патување, движење и контакт со многу луѓе, да на овој начин станат оперативно способни да можат да го задржат нивото на економска активност и да ѝ помогнат на државата во борбата против пандемијата.

Коморскиот инвестициски форум и понатаму продолжува со активностите за поддршка на компаниите и бизнисмените од регионот на Западен Балкан.

Стопанската Комора на Србија обезбеди 10.000 дози на вакцини за стопанствениците и работниците во регионот, меѓу кои и за Македонија, објави нејзиниот претседател Марко Чадеж.

– Се надеваме на адекватен одзив, бидејќи за нас е важно бизнисмените кои соработуваат со Србија, но и меѓу себе,, пред сè во туризмот и услужните дејности, да може да патуваат во пресрет на новата сезона. Ова е наш придонес за заштита во регионот. Немаме квоти по комори. Се надеваме дека ќе има интерес и луѓето ќе се пријават, изјави Чадеж.

Вакцинацијата за бизнисмени од регионот ќе се фреализира во текот на претстојниот викенд во Белград.

– Треба само компаниите да се пријават во своите стопански комори кои во координација со Стопанската комора на Србија, ќе организира вакцинација во Белград, додаде Чадеж.

Веле Митаноски