27/04/2024
Охрид

Василичарски оган под вода

Кај музејот на вода нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид на атрактивен и за нив препознатлив начин по трет пат под вода го запалија традиционалниот василичарски оган со кој ја најавија Стара нова година.

На богатата трпеза беа испечените колбаси и квалитетно македонско вино.

Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица како и претстојните празници Богојавленије Водици и Св.Јован крстител – Денот на рибарите.


WebOhrid / 13.01.2022 / Нуркачки центар „Амфора“