11/10/2024
Струга

Величествена литија во Струга

Вчера, по деветти пат во Струга се одржа торжествената литија (Еордија) со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона. Годинава литијата беше збогатена и со иконата на Сепречистата Владичица Богородица – Кринска од манастирот Пречиста – Кичевска која што беше носена од четворица кичевчани.

Илјадници верници најпрвин во храмот на Великомаченикот во Струга прво учествуваа во служењето на ктиторската вечерна богослужба, а потоа сите заедно тргнаа со литијата низ улиците во градот. На чело на литијата беше член на Бигорското братство кој го биеше клепалото, потоа следуваа носачите со крстови, рипиди, знамиња, псалтите и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на град на Скопје, чудотворните икони на Св. Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Кринска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско – кичевската епархија, Митрополитот Тимотеј и други Митрополити, а на крај следуваа моштите на Светиот во украсен епитаф.

Оваа година во официјалниот дел од литијата беше и градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.