19/04/2024
Охрид

Видео: И дожд и сонце

Денес во Охрид околу 17 часот и 15 минути имавме можност истовремено да видиме и дожд и сонце. Врнежите траеа дваесетина минути.

И дожд и сонце, познато како Сончев туш (Sunshower) е метеоролошки феномен во кој врне дожд додека сјае Сонцето. Тоа најчесто е резултат на ветрови кои ги дуваат капките на место каде што нема облаци, или пак кога облаците се над нашите глави додека аголот на Сонцето и сончевите зраци е странично, непопречувани од облаците.


WebOhrid / 03.08.2022