21/05/2024
Македонија

(видео) Приведен криминалец баран со потерници

На 07.10.2022 околу 19.20 часот на подрачјето на Гази Баба од страна на полициски службеници од Отсекот за потрага по цел-Оделение за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка, во координација со полициски службеници од ОСПО-САЕ Тигар, по преземени мерки и активности, беше лишен од слобода А.А.(33) од Скопје. За него била распишана централна потерница од КПУ Затвор Идризово со која се барал за доиздржување на затворска казна во времетраење од 2 години 7 месеци и 26 дена за сторени кривични делa по чл.215 ст. 1 и чл. 383 ст.2 од Кривичниот законик, како и два централни расписи поради основи на сомнение за сторени кривични дела по чл.130 и чл. 235 од Кривичниот законик.

Лицето беше спроведено во КПУ Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна.