27/04/2024
Македонија

(видео) Запленета акцизна стока наменета за нелегална продажба

Денеска (08.06.2023) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за економски криминал и корупција во координација со СВР Скопје и Царинската управа, по претходно добиени оперативни сознанија за нелегална продажба на режан тутун и производи од тутун односно избегнување на плаќање на акциза, спроведоа координирана контрола во тетовско. При тоа, од А.С. (43) од с.Горно Палчиште, општина Боговиње запленија 120 килограми режан тутун и 19.000 парчиња цигари, за кои не била платена акциза во износ од 250.000 денари.

Одземената акцизна стока е предадена на Царинската управа во Скопје за натамошна постапка.