28/04/2024
Охрид

Видеорекламата од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ го освои второто место на натпреварот МАССУМ 2023

Учениците Бобан Кочески, Иво Јовчески, Ален Бајрам и Димитар Димоски од паралелката III-3 од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ од Охрид, под менторство на професорот Ацо Вретоски, изработија видеоспот (видеореклама) за натпреварот МАССУМ 2023 на тема: „Притисокот и стресот во врска со учењето и успехот на училиште“, под наслов: „Голема цена за големи достигнувања: Совладување на стресот и постигнување успех“.

Оваа видеореклама го освои второто (2-то) место во конкуренција од средните стручни училишта во Македонија.


WebOhrid / 08.05.2023 / ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“