Викендов во Куманово ќе се одржи зимското Државно првенство во пливање

Претстојниот викенд, во организација на Пливачката федерација на Македонија, ќе се одржи зимско Државно првенство во пливање за сите категории во поединечна и екипна конкуренција.

Чест за домаќин за првпат во историја ќе ја има град Куманово, на Градскиот базен 03 и 04 Март 2018 (Сабота и Недела) претпладне од 9 часот и попладне од 17 часот, кога ќе биде и свеченото отворање од страна на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски заедно со претседателот на ПФМ Александар Маленко.

За прв пат после 15 години, пливачите се ослободени од плаќање стартарина.

Секој пливач кој има желба да настапи, а е спречен заради забрана (нема никаква правна основа) од клубот со закана под суспензија, ПФМ дозволува да настапи под МКД референца со официјално признат резултат и освоено место.