26/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Георгиески вработува пожарникари, а без срам ги укина средствата за униформи и обувки

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес пред Територијалната противпожарна станица одржа прес-конференција на која говореше портпаролот на партијата, Перчо Божиновски.

„Георгиески лицемерно пред избори глуми загриженост за Територијалната противпожарна единица во Охрид затоа што ниту се грижи за подобрување на условите за работа на пожарникарите, ниту за набавка на дополнителна опрема и возила.

Додека Георгиески вработува 6 нови пожарникари без срам целосно ги скрати 1.700.000 денари за униформи, интервенциско противпожарно одело и заштитно одело за шумски пожари и интервенции и ги намали средствата за обувки.

Георгиески да им каже на пожарникарите зошто оваа година нема да добијат К-15?

Партиските вработувања нема да го сокријат лошото менаџирање на Георгиески кога пожарникарите имаат на располагање неколку возила, нефункционална опрема, без скала за висококатници, без возило наменето да може да влезе низ тесните улички во стариот дел на градот, да не зборуваме за противпожарен брод, без основни услови за работа и без огноотпорни одела, само неколку пара нараквици, искинати чизми, недоволно противпожарни црева и ред други алати потребни за интервенции.

Одговорност е да бидеш пожарникар, неодамна регираа и самите пожарникари за недостаток на опрема, но Георгиески не го слуша нивниот глас дека претходно е потребна обука, а не како што стои во огласот дека во рок од една година лицето може да се стекне со сертификат за пожарникар.

Искреноста на Георгиески ќе се покажеше само доколку се сетеше на пожарникарите уште од првите денови на неговото преземање на функција татко на градот и почнеше барем нешто да реализира освен предизборно вдомување на партиски кадри на само 2 дена пред распишувањето на локалните избори.

Власта и Георгиески покажуваат целосна неподготвеност да одговорат соодветно на елементарна непогода. Украдоа 4 години од животот на охриѓани, потрошија рекордни 4 годишни буџети, а ништо не направија. Казната за Георгиески следува на изборите, а со промената на власта за Охрид доаѓаат подобри времиња, многу проекти и светла иднина.“ – истакна Божиновски.