29/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Бараме итна разрешница на криминалот во ЈУНП „Галичица“

„ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид сака да ја информира јавноста, а воедно и да го праша ОЈО – Основен Суд Охрид до каде се двете кривични пријави поднесени до вас на почетокот од 2023 г. од страна на стопански криминал при СВР – МВР Охрид против лицето Сотироски Крсте од с. Љубаништа вработен како шумочувар во Јавна Установа Национален Парк „Галичица” – Охрид, каде се товари за пустошење на шума, злоупотреба на службена позиција, фалсификување службени документи, за остварување материјална корист?!

Имено, повеќе пати ја информиравме јавноста и надлежните служби за криминалот во установата кои на крајот се покажаа веродостојни.

Во 2020 г. во предизборниот циклус управата на ЈУНПГ без дозвола од Шумарски Инспектор без согласност на Министерство за животна средина спротивно на Законот, без дозвола за сеча (бидејќи од 2017 г. согласно програмата установата не врши сеча на дрва) ја опустоши шумата од околу 400 кубици огревно дрво кај пикник зоната „Јадера” уредена за рекреација и ја претвори во пустина.

Целокупната противправна дејност ја организирал со знаење на раководството шумочуварот Крсте Сотироски, при што огревното дрво го продавал по багателни цени со фалсификувани документи на селективни клиенти членови и симпатизери на СДСМ од околните села Пештани и Трпејца, присвојувајќи голема сума парични средства, стои во пријавите на СВР Охрид.

Исто така ова лице наместо да биде санкционирано од установата за криминалот, на истиот, управниот одбор на установата спротивно на закон, му ги поништил казните од дисциплинската мерка и плус во содејство со ОО СДСМ Охрид незаконски без исполнети услови за награда му го вработува синот кој воедно е актуелен претседател на СДСМ во с. Љубаништа, за да можат сплотени уште повеќе да го доуништат нашиот бисер Галичица.

Горенаведениот шумочувар кој години е заштитен како бела мечка на своето конто поседува огромен мотел во с. Љубаништа, луксузен стан во Охрид, куќа во Охрид, возен парк од моторни возила и луксузни џипови од по десетици илјади евра и сè од една плата од ЈУНПГ.

Оттука, прашуваме до каде е постапката во ОЈО Охрид и бараме итна разрешница на овој криминал?!

Во спротивно, ќе побараме независна истрага, а секако наскоро со промената на власта ќе го отвориме овој и сите можни случаи на сторени криминали, бидејќи народот бара правда и спроведување на правото.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 10.01.2024 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид