11/10/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка по повод 8 Декември, празникот Св.Климент Охридски

По повод 8 Декември, празникот Св.Климент Охридски, ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упати честитка до граѓаните во која стои:

„Почитувани сограѓани,

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид Ви го честита 8 Декември, големиот државен и христијански празник – Св. Климент Охридски и посакуваме благословени и среќни празнични денови.

Ликот и делото на Свети Климент Охридски е силно врежано во македонската историја и паметење. Неговото апостолско дело и мисија е должно за почит дотолку повеќе што почналo од Охрид и Македонија, но и поука за сите генерации дека чувањето на културната, јазичната и националната посебност е исконска должност и аманет.

Да го следиме Свети Климент како прв словенски писател и просветител и прв словенски епископ на македонскиот народ, основачот на Охридската архиепископија и основоположник на првиот словенски универзитет во лицето на Охридската книжевна школа.

Нека е вечен неговиот спомен, нека е вечна инспирацијата од неговите дела!

Нека ни е честит и за многу години големиот празник – Св. Климент Охридски!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.