29/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Проектот мрежа на СДС Охрид со непотизам, партизација и кронизам (дел 1)

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Единствено што знае СДС е за непотизам, партизација, кронизам, а Охрид е типичен пример за тоа. Наместо борба со корупцијата со СДС имаме протекционизам и клиентелизам.

Проектот мрежа за партизација и кронизам се докажува во Охрид каде што главен вработувач е Миле Зечевиќ, генерален секретар на СДС, а главна на охридската филијала на СДС е неговата роднина, Кристина Крлеска-Деспотоска.

Нека се одважат од СДС Охрид и да се појави во јавност Крлеска за оваа афера, а на да молчи и се крие од охриѓани кои чекаат одговор!

Никогаш не било полошо, време е да ги поразиме, време е наместо хаосот да завладее ред!“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 20.03.2024 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид