02/05/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ создадоа хаос и криза во безбедноста на авиосообраќајот во Охрид и Македонија

„Владата на Димитар Ковачевски направи циркуз од државата на секое поле.

Со СДС и ДУИ од држава којашто беше лидер во регионот и во држеше приматот долго години таа стана типичен пример за потсмев.

Со СДС и ДУИ има криза во безбедноста на авиосообраќајот во Македонија со поднесените оставки од страна на раководителите, а тоа се рефлектира и во Охрид во Одделението за воздухопловна техника.

Министерот Благој Бочварски наместо да се фокусира на доизградбата на автопатот Кичево-Охрид ќе помагал и ќе решавал спорови во М-НАВ.

Со СДС и ДУИ има само незаконски огласи и уште ова не беше случено т.е. кандидатите кои поминале на контроверзните огласи за инженерскиот дел да избегаат од тестовите за селекција.

Ова ли е таа европска селекција на кандидати за инженерскиот дел во Контролата на летање во М-НАВ?

Се додека СДС и ДУИ се на власт, Македонија нема да има праведен и европски систем.

Едноставно кажано во Македонија никогаш не се живеело полошо од сега со оваа власт на ДУИ и СДС.

Важно е да ги поразиме!

Потребни се промени веднаш!“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 31.12.2023 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид