28/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Георгиески само ја влошуваат состојбата на младите и ја зголемуваат младинската невработеност

Денес во просториите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид се одржа прес-конференција на која говореше Александар Здравевски, претседател на УМС ОК Охрид.

„СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески се без конкретни планови за младите и ништо не презеле за подобрување на положбата на младите во Охрид.

Младите се срамат од СДСМ и Георгиески и не им веруваат затоа што и во 2019 година ветувањата за младите останаа нереализирани.

Самиот градоначалник Георгиески тоа го потврди велејќи: „Од овој кризен менаџмент што јас го работам во изминативе неколку месеци, од исплаќање долгови, пазари, диви градби, не остана баш многу време за младите“.

Ако е така тогаш како СДСМ и Георгиески ќе се потрудат да ги реализираат активностите и работите за младите коишто ги предвиделе во Програмата?

И 2019 година е при крај, а сѐ уште нема Локална младинска стратегија.

Младите во Охрид останаа без Канцеларија за млади и воопшто не се вклучени во донесување на одлуките на локално ниво.

Младите се излажани затоа нема никаква трага од Младинскиот културен центар, а најмалите ги оставивте без Детскиот културен центар.

Со Георгиески нема проекти за едукација, професионална надградба и личен развој на младите.

За жал младите не добија ништо од унапредувањето на инфраструктурните услови наменети за поминување на слободното време и занимавање со спорт.

Повеќе од две години младите чекаат организирање „месец на спортот“ и бесплатно користење на просториите на спортските клубови додека трае месецот на спортот.

СДСМ и Георгиески само ја влошуваат состојбата на младите и ја зголемуваат младинската невработеност.“ – истакна Здравевски.