04/05/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ укинува паралелки, па глуми загриженост за реконструкцијата на Гимназијата

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати реакција до медиумите во врска со соопштението од СДСМ Охрид за Гимназијата.

„На СДСМ им пречи тоа што со Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Д-р Кирил Пецаков се инвестира во образованието и се создаваат добри услови за работа за учениците и наставниците.

Лицемерни душегрижници од СДСМ, немате никакво право да зборувате за културно-историските споменици кои ги доведовте до уништување и распаѓање.

Од една страна укинувате паралелка во Гимназијата, а од друга страна глумите лажна загриженост за градежните зафати во училиштето.

Откако со вашето катастрофално раководење ја разнебитивте Гимназијата сега се дрзнавте неосновано да критикувате за столбовите и оградата.

Целосната реконструкција на Гимназијата е доказ за вашето неработење и дека ништо не сте сработиле за 4 години додека бевте локална власт и речиси 8 години што сте централна власт.

Кажете барем една работа што сте ја направиле за Гимназијата?

Вие, кои додека бевте на власт, училниците ви прокиснуваа и ви се урна дел од таванот.

Вие, кои излажавте за реконструкција на подовите и кратевте средства за санација на покривот во Гимназијата.

Фотографиите го покажуваат срамот кој го оставивте за Гимназијата, затоа сега таа го добива најдоброто што го заслужува.

Охриѓани гледаат дека ВМРО-ДПМНЕ вложува во образованието, за разлика од времето на СДСМ кога тие годни беа години на уништување и срам за образованието.“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 23.08.2023 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид