ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ и Георгиески Лескоец остана без инвестиции и ветените проекти

ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати реакција до медиумите, во која стои:

„Со СДСМ и Константин Георгиески селото Лескоец остана без инвестиции и ветените проекти.

Безобразно е Георгиески да лаже дека извршиле комплетна реконструкција на Домот на култура во Лескоец кога сите знаат дека тоа беше проект од претходната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е лесно проверливо и може да го види Георгиески во потпишаниот договор за рекоснтрукција на Домот за култура во МЗ Лескоец.

Зошто не се донесе отпочнатиот урбанистички план за Лескоец според кој ќе се овозможеше издавање на одобрение за изградба на спортската сала?

Средствата Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги имаше обезбедено, а сегашната власт веднаш ги пренамени истите во други цели.

За ваша информација и локалната и централната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Лескоец инвестираа над 2 милиона евра во инфраструктурни проекти.

СДСМ за Лескоец знесе најповеќе лаги, а ветените проекти останаа нереалзирани.

СДСМ и Георгиески продолжуваат и понатаму да се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да работат одговорно и посветено за потребите на граѓаните.

Со Обновата доаѓаат и проектите во Лескоец.“– стои во реакцијата.