ВМРО-ДПМНЕ: За власта воопшто не се важни некои од најактуелните потреби со кои се соочуваат жителите на градот и руралните места

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Партиските и личните интереси градоначалникот Константин Георгиески и СДСМ повторно ги ставија пред потребите на граѓаните со тоа што не собраа храброст да ги прифатат предлог-амандманите предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

За власта воопшто не се важни некои од најактуелните потреби со кои се соочуваат жителите на градот и руралните места.

Власта од една страна носи нереално висок и неостварлив буџет, а од друга страна одбива да работи во интерес на охриѓани.

Почитувана јавност,

Ве повикуваме самите да процените дали одбиените амандмани се „небулозни“ како што ги нарекува самиот Георгиески!

Жителите на селата Ливоишта и Подмоље треба да знаат дека СДСМ и Георгиески се против изградба на резервоари и пумпни станици кај нив.

СДСМ и Георгиески се против изградба на спортски сали во ОУ „Братство и Единство“ (кај Крст Џамија), и во Лескоец.

Жителите на Елшани и Горно Лакочереј треба да знаат дека СДСМ и Георгиески се против изградба на фекална канализација со пречистителна станица.

СДСМ и Георгиески не прифатија да има доизградба на атмосферска канализација во Велгошти, ниту санација и изградба на потпорни ѕидови во Коњско и Елшани.

Охриѓани треба да знаат дека Власта одби еднократна парична помош за секое прваче во наредната учебна година од 3000 денари како и целосно ослободување од плаќање чланарина за сите деца вклучени во младински школи и спортски клубови.

Власта докажа дека не работи во интерес на граѓаните, но охриѓани се мудри и ваквите штетни политики ќе ги казнат за многу кратко време!“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.