29/04/2024
Охрид

Во четврток ќе биде поставен камен темелник на црквата посветена на Светите безсребреници Кузман и Дамјан во Рамне

Од Црковниот одбор с. Рамне информираат дека на ден 14.07.2022год. (четврток) ќе биде поставен Камен темелник на црквата посветена на Светите безсребреници Кузман и Дамјан во селото Рамне – Охрид. Почетокот е закажан во 10:00 часот.

Се покануваат сите добронамерни верници да присуствуваат на овој голем свечен чин, со што воедно ќе биде одбележан и верскиот празник Св. Кузман и Дамјан.