28/04/2024
Охрид

Во Охрид се организира изложба на необјавени портрети на македонски револуционери

Во организација на општина Охрид  на 22.12.2023 година (петок) во очи на одбележувањето на годишнината од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев, активен и влијателен учесник во делувањето на внатрешната револуционерна организација, во Спомен- куќата на Христо Узунов со почеток во 19:00 часот  ќе биде отворена изложбата Лица на револуциијата : Изложба на необјавени портрети  на македонски револуционери односно, Лица на револуцијата:

„Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии, 1893-1934“ – изложба која одбележува и три јубилеи: 120  години  од смртта на Гоце Делчев, 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната Македонска Револуционерна организација.

Во основата на изложбата лежи една цела ризница на ретки и невидени фотографии, педантно собрани во текот на една цела деценија од колекционерите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски. Нивната страст за историјата и фотографијата, заедно со немилосрдната потрага по историски артефакти, кулминира со изложба која несомнено ќе остави траен белег и кај македонската и кај меѓународната публика, како и меѓу научна јавност која го проучува периодот на револуционерните движења и борбата за слобода на македонскиот народ од крајот на XIX и првата половина на XX век.


WebOhrid / 19.12.2023 / Општина Охрид