26/04/2024
Охрид

Во возило од вевчанец пронајден сигнален пиштол кој нелегално го поседувал

На 25.02.2020 во 21.20 часот во близина на струшката населба „Теферич“, полициски службеници на СВР Охрид запреле патничко возило „хјундаи“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.П. од Вевчани. При преглед во возилото, под совозачкото седиште бил пронајден сигнален пиштол ,,Олимпик 38“ калибар 3809 милиметри, кој совозачот во автомобилот О.Д.(20) од Вевчани нелегално го поседувал.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.