24/04/2024
Охрид

Волонтерки од Црвен крст Охрид успешно ја поминаа обуката за парамедици

Во периодот од 18-27 април 2019 година, четири волонтерки на Црвен крст Охрид кои успешно ја поминаа обуката за парамедици според програмата PHTLS (Pre Hospital Trauma Life Support), во 2018 година, обавуваа практична работа во Холандија.

Црвен крст Охрид во соработка со Националниот здравствен сервис на Холандија, организираше две вакви обуки според европските стандарди и протоколи, во септември 2016 година и во месеците септември и октомври 2018.

Волонтерите на Црвен крст Охрид претходно избрани според посебни критериуми од страна на инструктори-парамедици од Националниот здравствен сервис на Холандија во соработка со Црвен крст Охрид и Општинското средно медицинско училиште Св. Кирил и Методиј од Охрид, ги совладуваа најсовремените знаења, вештини и техники во справување со најсложени ситуации и интервенции на укажување на прва помош, третман и реанимација на повредени, кои со високо професионален пристап, најсовремена опрема и нагледни средства, им ги презентираа тројца инструктори парамедици од Националниот Здравствен Сервис на Холандија.

https://youtu.be/WS1KQ9WwAF4