27/04/2024
Македонија

Возете одговорно за празникот на љубовта и виното

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел за внимателно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на љубовта и виното.

Празниците се одличен повод за споделување на среќа и незаборавни моменти со блиските и саканите, но за да бидат овековечени со љубов неопходно е и одговорно однесување за време на истите, особено доколку се учествува во сообраќајот на патиштата.

Затоа РСБСП советува:

  • доколку консумирате алкохол – НЕ управувајте со моторно возило, а доколку одлучите да возите тогаш НЕ консумирајте алкохол,
  • доколку консумирате алкохол – користете јавен превоз или повикајте такси превоз,
  • почитувајте ги сообраќајните правила и прописи,
  • возете внимателно и грижете се за сите учесници во сообраќајот,
  • возете со СРЦЕ!

РСБСП упатува порака:

Почитувајте го животот и уживајте во пријателствата.

Ако го славите Св. Валентин – опијте се од љубов, а ако наздравувате за Св. Трифун – покажете одговорно однесување.

Честит празник на љубовта и виното! 

Возете безбедно!