26/04/2024
Охрид

Возило повреди малолетник на патот Охрид – Кичево

На 25.04.2021 во 19.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, патничко возило „мазда“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(42) од Кичево, удрило во малолетник од Кичево.
Во незгодата пешакот се здобил со повреди, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кичево.