27/04/2024
Охрид

Возило повреди велосипедист на патот Охрид-Св.Наум, во населба Елешец

На 24.05.2021 во 12.45 часот на регионален пат Охрид-Св.Наум, во населба Елешец, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од M.Д.(25) од Пробиштип удрило во велосипедист Т.Ш.(53) од Струга. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, на кого му е укажана лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.