26/04/2024
МакедонијаОхрид

Вроден долг QT синдром

Вроден долг QT синдром / Congenital long QT syndrome (LQTS)

МКБ: I 45.8

Преваленца/распространетост: непозната

Преваленца/распространетост на класичен вид: 1/5.000

 

Вродениот долг QT синдром опфаќа група ретки, генетски, наследни нарушувања и е една од најчестите причини за ненадејна смрт кај младите луѓе. Се должи на мутација на гени кои кодираат неколку различни јонски канали во клеточната мембрана кои ја регулираат реполаризацијата на срцевите миокардни клетки. Присуството на овој синдром може да доведе до ненадеен, неочекуван и животозагрозувачки тип на вентикуларна тахикардија. При таа срцева анемија, срцевиот ритам е екстремно брз, а обликот на срцевите комплекси на ЕКГ постојано се менува и личи на синусен бран при што ефективното пумпање крв од срцето е невозможно.

Причини:

Идентификувани се неколку гени кои влијаат на QTинтервалот, така што постојат неколку варијанти на овој синдром. Фамилијарните форми на долгиот QTсиндром, кои се поврзани со висока инциденца на опасни аритмии, ненадејна смрт и кои често се јавуваат кај неколку членови на едно семејство, го вклучуваат синдромот ЈервелЛангеНилсен, кој се наследува на автосомно рецесивен начин и во повеќето случаи е поврзан со вродена загуба на слухот. Синдромот на РоманоВард е почест и следи по автосомно доминантно наследство, и исто така е фамилијарна форма.

Симптоми:

Луѓето со овој синдром имаат продолжен QTинтервал на електрокардиограмите. Симптомите се појавуваат само кога пациентот развива епизода на опасна вентрикуларна тахикардија, и симптомите зависат од времетраењето на аритмијата. Повремената вртоглавица може да биде единствениот симптом. Ако трае повеќе од 10 секунди, се јавува синкопа, т.е. краткотраен губиток на свест, па сè до ненадејна срцева смрт на пациентот во рок од неколку минути, доколку нема непосредна медицинска помош. Ова е првиот симптом кај 1 од 10 пациенти заболени со долгиот QTсиндром. Симптомите можат да почнат за време на првата година од животот и да станат почести за време на школска возраст. Машките деца обично ќе ја искусат првата епизода на синкопа на просечна возраст од 11 години, а девојчињата на 16-годишна возраст. Срцевите епизоди во контекст на овој синдром, можат да бидат предизвикани од физички и емоционален стрес (вежбање, лутина, страв, радост, возбуда, скокање во вода, нуркање, и сл.). Некои од тие епизоди се појавиле кај индивидуални пациенти за време на спиење или одмор.

Третман:

На луѓето со долг QTсиндром им се препорачува да ги ограничат своите активности на спортови со низок интензитет, доколку имаат историја на губење на свеста, т.е. синкопа, или ресусцитација од срцев удар, како и во случаи кога QTинтервалите се многу пролонгирани (470 m/sec кај мажи, 480 m/sec кај жени). Многу пациенти со овој синдром се третираат со бетаблокатори. Некои антиаритмички лекови, антидепресиви, антибиотици, како што се еритромицин, кларитромицин еритромицин и азитромицин, често го продолжуваат QTинтервалот. Од таа причина треба да се избегнуваат овие лекови кои предизвикуваат продолжен QTинтервал. За повеќето пациенти, најдобриот третман е имплантабилниот дефибрилатор. Овој уред треба да се користи кај пациенти кои преживеале срцев удар и кај пациенти кои имале синкопа поради самиот QTсиндром, особено ако се појави синкопа додека веќе се третираат со бетаблокатори. За оние коишто не можат да толерираат бетаблокатори или кои сè уште имаат срцеви епизоди додека се на терапија, може да се изврши лева кардиосимпатична денервација. Пренаталната дијагноза треба да се земе предвид кога еден од родителите има долг QTсиндром и треба да се понуди генетско советување на погодените семејства.


WebOhrid / 03.02.2022 / Кампања „Ги запознаваме ретките болести“