19/04/2024
ОхридРеклами

Забоболка од надморска висина

Аеродонталгијата го добила своето карактеристично име за време на Втората светска војна, кога некои пилоти доживеале забоболка додека летале високо, односно на поголема надморска висина. Тие на крајот утврдиле дека ова било предизвикано од намалување на атмосферскиот притисок додека авионите се искачуваат на големи надморски височини. Секој мал заробен воздух под пломбите, во било кој заб, или под кариесот на забите, може да биде причина за забоболка. Забоболка од промена на надморска височина може да се појави и кај заби кај кои има процес /апсцес на врвот од коренот.

Со испитувањата од областа на стоматологијата, во годините подоцна се утврдило дека забоболка може да се појави и кај нуркачите, особено доколку нуркаат длабоко во морињата. Причината за ваквата болка во забите била иста, односно зголемувањето на барометарскиот притисок предизвикувал појава на гасови во забот. Во тоа време, стоматолошкиот термин бил променет од аеродонталгија во бародонталгија, кој ги инкорпорирал и двата термини.

Ова е особено важно кога се работи за пилоти со високи перформанси, бидејќи некои случаи на појава нa бародонталгија беа доволно силни за да влијаат врз безбедноста на летот. Ова може да се случи и при нормални комерцијални летови, како и рекреативно нуркање. Овој феномен обично се случува под 30 метри длабоко во водата или над 9.000 метри надморска височина. Понекогаш и планинарите кои ги искачуваат повисоките врвови, треба да бидат свесни за можноста за појава на забоболка. Синузитисот, исто така, може да придонесе за бародонталгија и во таков случај истиот нема да биде поврзан со некој проблем со забите.

Најдобриот начин за да се избегнат вакви проблеми е да се одржи добро оралното здравје. Стоматологот мора да го одржува интегритетот на сите стоматолошки реставрации, особено кај оние пациенти кои се изложени на ризик.

Пишува:
Д-р Кристина С. Алоска
Стоматолог во ПЗУ „Д-р Сашо Стоев“ – Охрид
www.drsasostoev.com , ТЦ Трудбеник, Охрид
070-307-262 / 070-452-100