27/04/2024
Македонија

Забрана за движење на тешки моторни возила на неколку правци низ земјава

Денес во 16:30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот превој Плетвар, поради обилни врнежи од снег.

Денес во 16.50 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот превој Стража, поради обилни врнежи од снег.

Од 17:00 часот патниот правец Дреново – Прилеп е затворен за сообраќај на тешки моторни возило поради обилни врнежи од снег.

Од 17.50 часот патниот правец Делчево према граничен премин е во прекин за тешки моторни возила поради обилни врнежи од снег.