03/12/2024
Македонија

Заев: Отворена е вратата за решавање на прашањата што се најдоа на патот на европските интеграции на Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија во интервју за радио Канал 77 го оцени како конструктивен настапот на министерот за одбрана на Република Бугарија Красимир Каракачанов за време на интервјуто на овој медиум и го поздрави речникот на пријателство во неговите одговори.

Премиерот Заев истакна дека од разговорот е видливо дека министерот Каракачанов нема проблем да го прифати фактот за постоењето за македонскиот јазик и за македонскиот народ.

„Ние остануваме подготвени во духот на пријателство да ги градиме меѓусебните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија и да ја градиме нашата заедничка иднина. Искрено се надевам дек уште постојат шанси да се прифати преговарачката рамка и да се одржи првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ. Тимовите на двете министерства за надворешни работи интензивно разговараат и сметам дека патоказот за кој се дебатира е одлична основа за да остане вратата отворена за решавање на прашањата што се најдоа на патот на европските интеграции на Северна Македонија“, рече Заев во интервјуто за Канал 77.