29/04/2024
Струга

Запленети 4.100 пиротехнички средства во струшко, приведено едно лице

На 28.12.2023 во 16:00 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од ОВР Струга ја лишиле од слобода Ѓ.И.(56) од истото село.

При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 4.100 парчиња разновидни пиротехнички средства.

По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 29.12.2023 / МВР