Засилена контрола во патниот сообраќај во Струга

На 21.01.2021 во периодот од 10.00 до 14.00 часот, Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга реализираше засилена контрола во патниот сообраќај. Притоа, евидентирани се пет возачи кои извршиле непрописно престигнување, 23 возачи сториле други прекршоци, а поради непрописно паркирање, со специјално возило се подигнати пет возила. Сите констатирани прекршоци се соодветно санкционирани.