25/04/2024
Струга

Затуроска: Кој ја краде водата во Струга?

Пратеничката Лилјана Затуроска излезе со реакција во врска со рестрикциите на водата за пиење од струшкиот водовод за време на вечерните часови, проблем со кој се соочуваат граѓаните на Струга повеќе од две недели.

„КОЈ ЈА КРАДЕ ВОДАТА ВО СТРУГА?

Струга град на вода, а без вода!

Дали градоначалникот ќе се одважи да им објасни на граѓаните чија е бизнис зделката која се прави со водата, а стружани ќе мораат да плаќаат повеќе струја со изговор дека таа е “ПОЕВТИНА” во текот на денот отколку навечер?!

Ова е срам за градските власти кои си поигруваат со трпението на стружани!!
Веќе две недели во Општина Струга од 22 часот до 5 часот сабајле се запира водата за пиење.
Симптоматично е тоа што ова се случува само во доцните вечерни часови кога има евтина струја, а поради слабиот притисок на водата или целосно непостоечкот, на граѓаните им е одземено правото да ги користат придобивките од евтината струја!! Објаснување нема зошто граѓаните се одземени од можноста да ја користат евтината тарифа на струјата во ноќниот период! Нема одговор на прашањето!!
Кому општина Струга ја продава водата?
Кој профитира од маката на стружани?

Доста ги лажете граѓаните!!

Излезете со одговор за проблемот со водата и дајте решение на истиот што побрзо!!

Водата ја нема во лето, а уште помалку во зимскиот период!!

Ова е срамота за градските власти и бедното манипулирање на граѓаните!“ – вели Затуроска.