29/04/2024
Македонија

Завршна конференција од ИПА проектот „Унапредување на социјалното претприемништво“

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се обрати на завршната конференција од ИПА проектот ,,Унапредување на социјалното претприемништво”, финансиран од ЕУ, при што се осврна за идната улога на социјалното претприемништво во земјата.

Една од главните цели на Министерството за труд и соццијална политкка и на оваа Влада е да воспостави систем на социјална заштита кој делува превентивно врз социјалните ризици и токму затоа министерството пристапи многу сериозно кон социјалното претприемништво и го прошири обемот на социјалното претприемништво за доставување на услуги и продукти за најранливите категории во општеството, што ќе води кон разрешување на општествени проблеми.

Во таа насока, а согласно и со предвидените чекори во програмата на Владата, во план е да се подготви Закон за социјално претприемништво, преку кој ќе се олесни пристапот до пазарот на труд за социјално ранливи категории на граѓани.

Целта е преку социјалното претприемништво да се зголеми обемот на мерки на вклучување на пазар на труд на сите ранливи категории (бездомни лица, лица со попреченост /со лесна до умерена ментална попреченост и помал физички инвалидитет, поранешни штитеници на казнено поправни домови, поранешни корисници на дрога и психотропни супстанци, социјално загрозени семејства и др.) Овие лица се особено ранливи и е потребно да се дефинираат мерки за подобрување на состојбата со нивната невработеност или нивното вклучување преку разни мерки и услуги, продукти за нивна општествена интеграција.

„Социјалното претприемништво не го гледаме само како можност за отворање на нови работни места. Тоа е само едната страна на паричката. Другата страна на паричкката е дека навистина на Македонија и се потребни социјални услуги и развој на истите, поради тоа што ,,care economy’’ e економија што се развива врз основа на понудени услуги, а тоа е нешто што во Македонија го нема”, потенцираше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Во нашата земја веќе постојат социјални претпријатија кои се развиваат и тие се одличен пример и поттик за други иницијативи на ова поле.

„Како Министерство, но и како Влада размислуваме како да создадеме еко простор во кој што социјалните прeтпијатија ќе бидат безбедни. И Владата и локалните самоуправи треба да размислуваат како да бидат купувачи на услугите, производите, се она што го нуди едно социјално претпријатие”, рече Царовска во своето обраќање.

На конференцијата беа промовирани резулатите постигнати во периодот од 18 мај 2016 година до 17 ноември 2017 година кога се реализираше проектот и со кој се воспостави прва база на податоци на социјални претпријатија во земјата, но и вмрежување меѓу сите институции вклучени во креирањето на политиките за социјално претприемништво, како и вклучување на социјалните претпријатија во активните мерки на пазарот на трудот, и зајакнување на потенцијалот на постоечките социјални претпријатија во државата.

За имплементацијата и резултатите говореше Барбара Садовска, проектен тим лидер која информираше дека во рамки на проектот беа спроведени голем број активности за ангажирање на млади луѓе и студенти во социјалното претприемништво и подигнување на свеста за социјалните претпријатија меѓу јавните институции, приватните претпријатија, универзитетите, граѓанското општество и пошироката јавност.

Проектот беше и во насока на охрабрување на идните партнерства меѓу локалните граѓански организации и општините, како и приватните компании со цел да се откријат потенцијалите за развој на моделите за социјално претприемништво.

https://www.youtube.com/watch?v=D0RAvWy37u8