25/04/2024
Охрид

Здравствено едукативен настан во Охрид и бесплатни консултации со тимот на Систина Офталмологија

Во рамки на своите здравствено-превентивни активности Црвен крст Охрид во соработка со болницата Систина Офталмологија на 15.02.2020 година, (сабота), организира здравствено едукативен настан кој се состои во предавање и бесплатни консултации со тимот на Систина Офталмологија, на тема:

  • катаракта, што е и кои се можните решенија – со д-р Викторија Филева, 11:00 – 12:00 ч. Голема сала во Здружение на пензионери Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 50 (спроти Гимназија),
  • Ласерска корекција на диоптрија – со д-р Викторија Филева, 12:30 – 13:30 ч. во Црвен крст Охрид,

Модератор на настанот е Огнен Јанески.

Доколку имате проблем со катаракта, размислувате како да се ослободите од очните помагала и да гледате без ограничувања, и доколку сакате да дознаете повеќе за ласерска корекција на диоптрија и можните начини за отстранување на диоптријата, Ве очекуваме на овој настан.

Бројот на присутни лица е ограничен и затоа не се двоумете, пријавете се на тел. 070 315309, 046 261909, 070 351008 или дирекно во просториите на Црвен крст Охрид, најдоцна до петок, 14.02.2020, до 16 ч.