Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија одбележува 10 години од постоењето

Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија (ЗПРМ) ќе ја одбележи својата десетгодишнина во четврток, на 17.12.2020 година, преку електронската платформа Зум, со почеток од 19:00 часот.

https://www.facebook.com/events/1003631103491495/

На настанот:

претходните претседателки ќе зборуваат за почетоците на Здружението,

актуелната претседателка ќе ги пренесе плановите за во иднина, а

членовите ќе се вклучат со свои коментари за придобивките и очекувањата од членувањето во ЗПРМ.

Освен тоа, на настанот ќе се промовира посебно видео подготвено за 10-годишнината на Здружението.

Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија (ЗПРМ) е професионално здружение основано во декември 2010 година, согласно со Законот за граѓански здруженија и фондации, од страна на 10 угледни слободни преведувачи и толкувачи и професори.

Неговата мисија е да воведе професионални стандарди на пазарот во Република Македонија, да работи на професионалниот развој на своите членови и да создава позитивна перцепција за професиите „преведувач“ и „толкувач“ меѓу припадниците на професијата, потенцијалните клиенти и пошироката јавност.