09/11/2024
Македонија

ЗЕМ: Згрозени од објавените снимки лесно може да се заклучи дека Египќаните се третирани како граѓани од петти ред

Ова Реакција на неформалните граѓански движења и организации на балканските Египќани доаѓа по повод објавување на вчерашните аудио снимки ,,бомби,,под наслов Мицкоски-Кичеец.

Египќаните се чесна и мирољубива заедница за да ги контролираат лица како Зоран Милески Кичеец преку неговата инсталација во Охрид Арбен Демироски Бено.

Згрозени од вчерашните објавени снимки од чија содржина лесно може да се заклучи дека Египќаните се третирани како граѓани од петти ред ,условувајќи ги со погрдниот назив ,,Ѓупци,,кои се погодни само за метла и низа други деградирачки и навредувачки содржини низ разговор со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ,изнесени од страна на сомнително и контраверзно лице Зоран Милески ,кој практично призна дека снимките се автентични и вистинити.

Целосно се оградуваме од неговата ,,десна рака,,Арбен Демироски Бено познат по неговите изборни ангажмани во двата табора,претходно во ВМРО-ДПМНЕ а сега и во СДСМ,бараме институциите на системот во рамки на своите надлежности ,да го расветлат случајот ,и да не дозволат грубо да се кршат човековите права на оваа ранлива етничка заедница ,а од морални причини бараме советникот дел на оваа пајакова мрежа Бесим Демиров да поднесе оставка.

За овие недемократски појави ,ќе ги известиме релевантните меѓународни организации и амбасади и тоа мисијата на ОБСЕ -ОДИХР,како и нашите стратешки пријатели Амбасадата на САД,СР Германија ,Франција,Италија како и делегацијата на Европската Унија во нашата држава.

Јасно е после ова ,кој за лични интереси и цели ,ги манипулирал,плашел,и злоупотребувал мирољубивите граѓани Египќани.Заеднички и обединето ќе се бориме против ова зло.

Неформално движење НВО Коалиција на Египќаните
Неформално граѓанско движење Обединета алтернатива на Египќаните
Здружение на балканските Египќани во Македонија