26/04/2024
Македонија

Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван и во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа 15 јануари 2023 година, во 22 часот и 37 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 20 километри североисточно од Тирана, во соседна Република Албанија, односно 130 km југозападно од Скопје.

Земјотресот е со локална Рихтерова магнитуда ML4.8. Според досегашните информации со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на нашата Република, особено:

– во западните делови, во градовите Дебар, Гостивар, Тетово и околината со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала,

– во северните делови, во градовите, Скопје, Велес и околината со интензитет од III степени,

– во југозападните делови, Охрид, Ресен, Битола и околината со интензитет од II – III степени според истата скала.


WebOhrid / 16.01.2023 / Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ Скопје