Жител од Лескоец загина во сообраќајна незгода на патот Охрид-Ресен
На 03.12.2021 година во 16:30 часот, на мaгистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Лескоец, патничко возило „ауди А4“, со охридски регистарски ознаки, управувано од М.П.(23), удрило во пешакот Д.Т.(68), двајцата од село Лескоец.
На местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид.
Увид извршија полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.
WebOhrid / 04.12.2021 / СВР Охрид