30/04/2024
Македонија

Државната секретарка Несторовска на конференција „Институционалната заштита за спречување семејно насилство и гарантирање на основните човекови права“

Државната секретарка на МВР м-р Магдалена Несторовска денеска учествуваше на онлајн конференција “Институционалната заштита за спречување семејно насилство и гарантирање на основните човекови права“ во рамки на кампањата ” 16 дена активизам против насилство врз жените и семејно насилство” организирана од Кризниот центар Надеж , а со поддршка на Австралиската амбасада во Белград, каде што свое поздравно обраќање имаше и австралиската амбасадорка Н.Е . г-ѓа Рут Сјуард.

На конференцијата беа презентирани новините во законот за семејно насилство, при што државната секретарка Несторовска направи осврт на постигнувањата на МВР во борбата против оваа општествена девијантна појава и на очекуваните предизвици при имплементација на новиот закон.

Конференцијата беше одлична можност присутните да се запознаат со начинот на постапување на надлежните институции во борба против семејното насилство ва Австралија .