Запленети рибарски мрежи со пастрмка во Охридското Езеро
На 01.07.2019 година, во периодот од 09.00 до 14.00 часот, при вршење на патролна дејност во водите на Охридското езеро, на околу 4000 метри од брегот на езерото, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско езеро“ пронашле рибарски мрежи со риба пастрмка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.