30/04/2024
Македонија

Приведен штипјанец поради бегство од штипскиот затвор

Денеска (25.05.2023) во 00.05 часот на автопат А1, во правец од Неготино кон Градско, во близина на „Црвени брегови“, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Михајлово при Регионален центар за гранични работи Југ е лишен од слобода Р.Џ.(26) од Штип.

Тој бил баран по распишана потерница од КПУ Затвор Штип, каде избегал додека издржувал казна затвор. Р.Џ. е приведен и спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната.