Центар за јавно здравје Охрид: Состојба со COVID-19 (од 11 до 17 јули)

Со цел правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа…

За период од 11 до 17 јули 2020 г.

Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 282 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 149 лица, во општина Струга и Вевчани 64 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 69 лицa.

Од вкупно земените материјали, 218 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 91, Струга и Вевчани 58, Дебар и Центар Жупа 69), а 66 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 58, Струга и Вевчани 8, Дебар и Центар Жупа 0)

Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 12 лица од општина Охрид, кај 50 лица од општина Струга и кај 37 лица од општина Дебар.

Активни случаи во Охрид се 120, во Струга 149, а во Дебар 110.

Во овој период оздравени се 27 лица од Охрид, 6 лица од Струга и 1 лице од Дебар

Во овој период починати се 1 лице од општина Охрид и 5 лица од општина Струга

Од почетокот на епидемијата до 17 јули 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 656 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 231 лица во општина Охрид и Дебрца, 350 лице во општина Струга и Вевчани и 174 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 113, од Струга се 157, а од Дебар и Центар Жупа се 61 пациенти

-од општина Охрид и Дебрца има 7 починати пациенти, од општина Струга се починати 39, а од Дебар и Центар Жупа се починати 5 лица

Почитувани сограѓани,

Епидемијата од коронавирусот сеуште трае. Коронавирусот сеуште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење/дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање.

ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ!